• петок, 15 ноември 2024
МИА Најави МКД
30 јуни 2022 Мадрид – Претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваат на Самитот на НАТО. Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 77-та седница. (сала „Македонија“/ 11:00) Скопје – Министерот за правда Никола Тупанчески ќе се обрати на Регионалниот форум на тема „Хашката конвенција 2019 - Очекувања за Западен Балкан". (х. „Хилтон“/ 10:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе ги додели договорите за поддршка на манифестации за промоција на домашни земјоделски производи. (Клуб на пратеници/14:00, новинарски прашања во 14:30)

Скопје – Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе се обрати на тркалезната маса на тема: „Инвестираме во локални социјални услуги“.(х. „Мериот“/10:00) Охрид – Петто издание на МЕФ Македонски енергетски форум. (х. Инекс Олгица“/ 10:00) Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 71-та седница. (на платформата на ZOOM, https://us06web.zoom.us/j/84185581970?pwd=UkI2UUNWR3ZDM1ZUVnlpSjhUVjkrZz09 Meeting ID: 841 8558 1970, Passcode: 994985 / 10:00) Скопје – Прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема: „Комората почнува со проект – Следење на протокот на стоки на граничниот премин Табановце“. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1 на петти кат/ 11:00) Скопје – 43. Сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка на која ќе биде презентиран трудот: „Проценка на дистрибуцијата на доход во Северна Македонија: Пристап базиран на претходно недостапни даночни податоци“ од Димитар Фуна, добитник на Годишната награда на Народната банка. (преку видеоконференциска врска/ 14:00)
Скопје - Прес-конференција на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ангеле Сотировски и директорот на ЈП „Улици и патишта“ Борис Настов. (Кеј „Димитар Влахов“, на потегот под паркингот на објектот на МТВ/10:00)
Скопје – Во рамките на 7. издание на КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде отворена изложбата „Сенките на занаетите: инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз, кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција. (КСП Центар – Јадро/ 20:00) Скопје – Вокално-инструментален концерт на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“. (Сули ан - Факултет за ликовни уметности со почеток/ 20:30) Скопје – Претставување на творештвото на Виктор Радун Теон. (ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/ 12:00) Скопје – „Под ѕвездено небо“, концерт на Трајко Јордановски. (Салон 19:19/ 19:19) Скопје – Отворање на изложба во спомен на архитектот Душан Грабријан. (НЛБ галерија/ 19:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан