• сабота, 15 јуни 2024
МИА Најави - МКД
20 ноември 2020 Скопје -  Собранието на Р.епублика Северна Македонија ќе ги одржи 20. и 21. седница. (Голема сала/12:00/12:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Битола - Делегација на Владата предводена од првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби ќе го посетат Музејот на Азбуката. (13:00, изјави за медиуми по посетата) Куманово - Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одржи завршен настан за Кампањата за публицитет за ИПАРД Програмата 2014-2020. (Зграда на Поранешен комитет, кружна сала/10:30) Скопје - Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе одржи прес-конференција. (https://us02web.zoom.us/11:30) Скопје - Меѓународниот балкански универзитет и Startup Macedonia по повод Светската недела на претприемништвото ќе одржат онлајн настан на тема  „Влијанието на претприемничкото образование: мултидисциплинарен пристап кон креирање на претприемачки начин на размислување кај дипломираните студенти”. (Zoom платформа/10:30)
Скопје - Конференција „Како до ефикасен инспекциски надзор против загадувањето?“ во организација на Зелениот институт. (ЗУМ/13:00)
Скопје - Прес-конференција по повод презентација на Детскиот алтернативен извештај за состојбата со правата на децата во Македонија во организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. (х.„Континентал“, сала „Континентал клуб“/12:00)
Скопје - Вебинар на тема - „Поттикнување на учење преку игра и стекнување на социоемоционални вештини кај деца на возраст од 3 до 10 години" посветен на Светскиот ден на детето. (17:00)
Скопје - По повод 75-годишнината од Големата победа, Амбасадата на Руската Федерација и Општина Центар ќе засадат дрва и ќе го отворат новиот парк „Парк на сеќавање“. (Позади Универзална сала/11:00)
Скопје - Онлајн Фестивал на младо вино 2020. (Facebook.com/TikvesWinery/19:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Капиталистичка авантура„ на авторот Перо Ковнацалиев. ( Галерија „КО-РА“, голем салон/18:00)
__________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан