• четврток, 16 мај 2024
МИА Најави МКД
30 октомври 2020  Скопје - Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче на Меѓународниот аеродром Скопје ќе ја примат донацијата од 60 респиратори од НАТО Доверителниот фонд за одговор на пандемијата. (15:30, по приемот на донацијата, изјави ќе дадат министрите Шекеринска, Османи и Филипче) Скопје - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе има средба со претставници на младите од различни институции и организации во Република Северна Македонија. (простории на МНР, амфитеатар, приземје /12:00, претставниците на медиумите да пристигнат најдоцна до 11:40 часот на главниот влез на МНР) Скопје - Прес-конференција на претседателот на СОНК, Јаким Неделков. (пред седиштето на СОНК, на ул. „Маџир Маало“ бр. 36 /11:00) Скопје - Францускиот институт во Скопје, во соработка со Правниот факултет во Битола, АЛДА Скопје и Програмата за мир на регионот Нормандија, организира еднодневна онлајн научна конференција на тема Фронтот во Првата светска војна. (преку платформата ZOOM /10:00 -14:00) Скопје - Во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС), а во рамки на Деновите на медиумска писменост ќе се одржи онлајн дискусија на тема „Дали ни е потребна медиумска диета?“. (преку платформата ZOOM на следниот линк https://zoom.us/j/98898845059. /13:00-14:00) Скопје - Фондација за интернет и општество Метаморфозис организира онлајн настан „Дијалози за Дигиталната агенда" во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА". (преку платформата ZOOM на следниот линк: https://techsoupglobal.zoom.us/s/96923533618?pwd=NzNabk5SWjVXTDV5S0JVUStEaS9WQT09. /11:00) Скопје - Вебинар - „Новинарската заедница во Слоу Фуд – гласот на промените преку храната“. (на платформата ZOOM / 20:00) Скопје - Прес-конференција на Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА. (Универзална сала /12:00) Скопје - „Втор пчеларски саем на Македонија“. (плоштад „Македонија“/ 11:30) Скопје - Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) во соработка со локалните коорганизатори Treebanks, Скопје Смог Аларм и AirCare - Мој Воздух, организира акција за засадување на дрвја во Општина Аеродром. (парк на булевар „Србија“, наспроти Полициска станица Аеродром/ 11:00) Скопје - Во рамки на Деновите на Општина Карпош, за одбележување на 44. години од формирањето на локалната самоуправа ќе започне есенската акција за садење. (ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, на ул. „Ангел Динев“ бр.5 /11:15, изјава за медиуми ќе даде градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев) Скопје - По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје по трет пат годинава, ќе ја реализира мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ со мултимедијален омаж за хроничарот на Скопје,  Данило Коцевски.(Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков“/12:00) Скопје - Започнува научниот симпозиум „Чехов на сцените во Македонија 1945-2020“. (Кинотека на РСМ/ 13:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан