• вторник, 19 ноември 2024
МИА Најави МКД
26 октомври 2022 Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 12:00) Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со владина делегација ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен. (на платото пред Владата/ 17:50, фоторепортерите и снимателите да пристигнат во Медија центарот на Владата најдоцна/ 17:30) Неготино - Министерката за одбрана Славјанка Петровска, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуард Пич и британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон  ќе присуствуваат на примопредавањето на британска донација која вклучува 14 мобилни единици за обука за припадниците на Армијата во урбана средина. (на полигонот „Криволак“/ 14:00) Брисел – Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе престојува во работна посета на Брисел, каде ќе оствари средби  со еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. Скопје – Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе се обрати по повод презентирањето на мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ од Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година. (Агенција за вработување на Северна Македонија/ 9:30) Шипковица – Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и градоначалникот на општина Тетово Билал Касами ќе ја посетат локацијата во близина на селото Шипковица, каде што се во тек изведбените работи од проектот за подобрување на отпорноста на поплави во полошкиот регион. (собирно место на локација: https://maps.apple.com/maps?q=42.017234,20.930505 на патот кон Попова Шапка/ 11:50, движење во конвој до локацијата каде ќе бидат дадени изјави https://www.google.com/maps/place/42.030601,20.921045/@42.030601,20.921045,18z  /12:15) Скопје - Здружение за развојни иницијативи „ГИ ГЛОБАЛ“ организира спортски самит „TODAY’S SPORT 2022“. (Limak Luxury Hotel/ 10:00) Скопје – Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) , Нотарската комора на Република Северна Македонија и Сојузната нотарска комора на ќе одржат заедничка Конференција за спречување на перење пари и борба против тероризмот од страна на нотаријатот. (х. „Арка“, медиумско покривање на настанот и кратко интервју на темите поврзани со нотаријатот за време на пладневната пауза/ 12:30 – 13:30) Скопје - Научна трибина насловена „Билатералните протоколи со Бугарија и импликациите за македонската наука и образование“ во организација на Здружението на историчари на Република Македонија (ЗИРМ). (МКЦ, сала „Фросина“/ 12:00) Скопје – Регионална конференција: „Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот“ во организација на Филозофскиот факултет при УКИМ и Фондацијата „Конрад Аденауер“ од СР Германија. (х. „Хилтон“/ 9:30, изјава за медиумите од неколку учесници/ 9:15) Скопје – Панел-дискусија: „Преку медиумската писменост образуваме млади генерации без предрасуди и стереотипи“, дел од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. (х. „Холидеј ин”/ 11:00) Делчево – Информативна сесија за Механизмот за граѓанска отчетност (МГО) на ЕУ. (х. „Македонија“/ 16:00 – 19:00) Скопје – Прес-конференција на телекомуникацискиот оператор, Мтел, членка на Телеком Србија групацијата по повод почетокот на услуги од мобилната телефонија и интернет. (х. „Мериот“, Meeting rooms ABC/ 13:00) Охрид – Завршен настан на проектот Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам, со кој се заокружува уште една успешна приказна за прекугранична соработка. (Оперативен и тренинг Центар на Планинската спасителна служба во Охрид, ул. „Кленоец’ бр. 2А/ 12:00) Скопје – Прес-конференција на компанијата В.В.В.-ГЈЦ Трејд. (во рамките на објектот на ул. „Никола Парапунов“, во продолжение на фурната „Специјал“/ 11:30) Скопје – Промоција на „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски. (Друштво на писатели на Македонија/ 12:00) Скопје - Пуштање во употреба на новата Халки училница на отворено. (во Зоолошката градина/ 10:00) Скопје – Претпремиерна изведба на претставата „Женска гардероба“ во режија на Наташа Поплавска. (Театар Комедија/ 20:00) Скопје – Премиера на театарската пиеса „Сам против сите“. (Порта Македонија/ 20:00) Битола – Концерт на Нинослав Димов - саксофон и Маја Поповиќ – пијано. (Офицерски дом, Кристална сала/ 19:00) Кичево – Изложба на уметникот Филип Фидановски „Пикасо, можеби јас“, поддржана од Амбасадата на Шпанија во Скопје. НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево/ 19:00) Скопје – „Маргинална уметност“, ликовна изложба во организација на Центарот за креативни уметности – НЕБО од Суводол. (Галерија на Факултетот за ликовни уметности/ 19:00) Скопје – Ликовна изложба на Жарко Јакимовски, во организација на МАНУ. (Ликовен салон на МАНУ/ 19:00) Скопје – „Дипломатија и уметност - II дел“ изложба во организација на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. (Национална галерија „Чифте амам“/ 19:00) Битола – Работилница „Училницата на Маргарита и Марија“. (Офицерски дом, Кристална сала/ 12:00) Скопје – Прес-конференција на Коалицијата Менуваме по средбата со директорот на Агенцијата за спорт и млади Наумче Мојсовски. (Агенција за спорт и млади/ 11:00) ____________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан