• понеделник, 10 јуни 2024
МИА Најави - МКД
13 јуни 2022 Скопје - Седница на собраниската Комисијата за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/14:00) Истанбул - Претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе предводи владина делегација на средба со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, во рамките на неговата работна посета. Брисел - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во официјална посета на Брисел. Скопје - Прес-конференција на Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги и професорот Рубин Талески на тема „Воведување на блок тарифи“. (простории на РКЕ/12:00) Скопје - Работна средба за соработка во областа на туризмот помеѓу Република Северна Македонија и Фетије, Република Турција под покровителство на МАТТО и збратимената Стопанскa и индустриска комора на Фетије, ФТСО. (х. „Хилтон“/13:00) Струга - Отворање на втората европска конференција за религиски дијалог и соработка на тема „Односот меѓу религијата и глобализацијата: религискиот партикуларизам наспроти религискиот универзализам“ во организација на Центар за интеркултурни студии и истражувања. (18:00) Скопје -  Дискусијата на тема „Сајбер насилство - безбедност и самоцензура“ во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права. (социјален клуб Комитет, приземје од катната гаража Беко/11:30) Скопје -  Панел-дискусија „Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел. (Ragusa Rooftop, катна гаража „26 Јули“, Св. Кирил и Методиј бр.1/ 11:00) Скопје - Трибина на тема „Криза во образованието - проблеми и решенија“. (сала за седници на Град Скопје/16:00) Скопје - Прес-конференција на Драмски театар по повод новата премиера на претставата „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, чешки писател во режија на Теа Беговска. (11:00) Скопје -  Чествување на поезијата на Коста Солев Рацин во организација на Културно-Информативниот Центар – Скопје. (Салон 19:19/20:00) Велес - Премиерна изведба на „Елегија во пет здива“, танц-театар по избрана поезија од Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов, Никола Маџиров и Ацо Шопов, а во режија и кореографија на Филип Петковски. (голема сцена на театар „Ј. Х. Џинот“/20:00) ————————————————————————————————————————— ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан