• недела, 21 јули 2024
МИА Најави МКД
21 април 2022 Скопје - Претседателот Стево Пендаровски е домаќин на претседателот на Република Летонија, Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на земјава. (Кабинет на претседателот, пристигнување на медиумите/9:15) - Церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести (плато, Кабинет на претседателот/10:00) -Тет-а-тет средба (10:10) -Пленарен состанок на делегациите (10:25) -Прес-конференција на двајцата претседатели (11:20) -Полагање на венци на гробот на Гоце Делчев (Црква „Св. Спас/12:00, сниматели и фоторепортери/11:30) -Средба со претседателот на Собранието Талат Џафери. (Собрание, сала Длаборез/14:25) Скопје - Министерот за здравство Беким Сали, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани и стручно-техничко лице на СЗО за имунизација, Горан Кочински ќе одржат прес-конференција на која ќе бидат презентирани најновите податоци за вакцинирани деца, согласно календарот за имунизација, како и планирани активности во пресрет на Европската недела на имунизација, што традиционално се одбележува последната недела од април. (Министерство за здравство, горна сала/12:30) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 66-тата седница. (https://us06web.zoom.us/j/87857239580?pwd=cVByd1RLL2xFSE5UMjBVQThJM0tyQT09/10:00)  Скопје -  Агенцијата за млади и спорт  ќе го означи почетокот на градежните активности за реконструкција на салата „Партизан” во Карпош.  (10:30)  Скопје - Прес-конференција на директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зухди Енуз. (Простории на ЈП Комунална хигиена, ул.516 бр.10, зад Ист Гејт Мол/11:30) Скопје -  Тркалезна маса на тема „Дигитализација во високото образование - можности и предизвици“ во организација на Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот „Студентска акција за дигитализирани образовни услуги“. (х.„Панорамика“/12:00, изјави за медиуми/12:00-12:10) Скопје - ЦИВИЛ ќе ја одржи втората панел дискусија од серијалот „Зад димната завеса“. (Фејсбук и Јутуб./13:00) Скопје - Прес-конференција на Еуростеп. (х.„Долче Интернационал“, ул.„Партизанска“ бр.48/10:00) Скопје - Прес-конференција на здруженијата „Но Пасаран“ и „Стоп за грабежот“. (Пред Министерство за правда/12:00) Скопје - Литургија на свети Василиј Велики со Вечерна. Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Свети вмч. Димитриј" во Скопје. По светата литургија ќе се изврши Света тајна Елеосвештение во сите храмови. (9:00) - Читање на 12-те евангелија за Христовите страданија. Г.г. Стефан ќе богослужи во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски" - Скопје. (18:00)  Скопје - Изведба на претставата „Балкан Балкон“ според „Le Balcon“ од Жан Женет во режија на Арбен Кумбаро. (Албански театар ул.„Никола Мартиновски“ бр.41/21:00) Скопје - Концерт насловен „Волшебната хорна“ на кој како солист на хорна ќе настапи Марк Грубер од Германија. (Филхармонија/20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан