• понеделник, 23 декември 2024

МЗ: Директорот на СЗО, Клуге ја посочи земјава како пример за унапредување на примарната здравствена заштита

МЗ: Директорот на СЗО, Клуге ја посочи земјава како пример за унапредување на примарната здравствена заштита

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Министерот за здравство Фатмир Меџити заедно со колеги и делегатите на високо ниво од 53. земји-членки на Европскиот регион на СЗО, како и претставници на партнерските организации и граѓанското општество, имаат средба во Астана, Казахстан, што се одржува од 24 до 26 октомври на 73. сесија на Регионалната комитет на СЗО за Европа (RC73), соопштија од Министерството за здравство.

Во своето обраќање, доктор Ханс Клуге, директорот на СЗО за Европа, ја посочил Северна Македонија како успешен пример за унапредување на примарната здравствена заштита.

- Со цел да ја унапредиме примарната здравствена заштита, поставувајќи ја како наш приоритет, сакам да посочам еден успешен пример за тоа, Северна Македонија вложи многу труд да го подобри третманот на незаразните болести и овозможи матичните лекари да ја препишуваат хроничната терапија. Честитки до министерот Фатмир Меџити, потенцирал Клуге.

Домаќин на состанокот е Владата на Казахстан, под покровителство на казахстанскиот претседател Касим - Жомарт Токаев.

- Во рамки на сесијата ќе бидат разгледани неколку планови за јавно здравје, вклучувајќи акционен план за здравјето на бегалците и мигрантите за 2023-2030 година, рамка за акција за здравствената работна сила за 2023-2028 година и патоказ за антимикробна резистенција за 2023-2030 година. Посебен фокус ќе биде ставен и на прашањата за управување, вклучувајќи ги тековните и идните програмски буџети, а ќе биде претставен првиот Извештај за отчетност, давајќи преглед на тоа како СЗО/Европа се снабдуваат и управуваат со ресурсите и кои резултати се постигнати. Инаку, во 2023 година, СЗО ја одбележува својата 75-годишнина, 45 години од потпишувањето на историската Декларација од Алма-Ата за примарна здравствена заштита (ПЗЗ) и средината на Европската програма за работа (EPW) 2020-2025 година - „Обединета акција за подобро здравје во Европа“. Оттука, RC73 ќе биде можност за делегатите да размислуваат за моменталната состојба на здравјето и благосостојбата низ регионот,за напредокот во спроведувањето на EPW, како и сегашните и идните предизвици, се додава во соопштението на Министерството. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан