• вторник, 23 јули 2024

МЗТ Скопје убедливо поразен од Младост во првиот четвртфинален натпревар во плејофот на АБА 2

МЗТ Скопје убедливо поразен од Младост во првиот четвртфинален натпревар во плејофот на АБА 2
Подгорица, 20 април 2021 (МИА) - Младост Максбет е многу близу до пласман во полуфиналето од плејофот во регионалната кошаркарска АБА 2 лига, откако попладнево во првиот меч од четвртфиналето го совлада македонскиот претставник МЗТ Скопје Аеродром со 95:75. Победникот се наѕираше уште по првата четвртина која екипата од Земун ја доби со 28:19, а разликата во текот на втората четвртина достигна двоцифрени 21 поен. „Сино-белите“ од Аеродром успеаја да одиграат нешто подобро во третата четвртина која ја решија во своја полза со 19:18, но во последниот период српскиот тим повтоно беше подобар за конечна убедлива победа. Треј Дречсел со 24 поени, Душан Танасковиќ со 19 и Стефан Гомбаулд со 18 беа најдобри во победничкиот тим. Кај МЗТ Скопје прв стрелец беше Иван Карачиќ со 15 поени. Двата тима в четврток ќе одиграат уште еден меѓусебен натпревар по кој ќе бид епознат учесникот во полуфиналето. зс/

Остани поврзан