• недела, 28 април 2024

МЗТ Скопје поразен од црногорски Морнар во АБА лигата

МЗТ Скопје поразен од црногорски Морнар во АБА лигата

Бар, 10 февруари 2023 (МИА) – Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром и натаму е единствената екипа без триумф на гостински терен во регионалната АБА лига, откако вечерва загуби од Морнар во Бар со 93-84 во рамки на 19 коло.

Натпреварот беше резултатски израмнет по првите три четвртини (68-68), а домаќините ја стекнаа клучната предност на стартот од четвртиот период кога при водство на МЗТ од 70-68 влегоа во серија од 11-0.

До крајот на натпреварот кошаркарите на Драган Николиќ не успеаја да се вратат резултатски во игра и го претрпеа 16 пораз во 19 натпревар сезонава во АБА лигата. 

Најефикасен во редовите на МЗТ беше  Абдул Малик Абу со 20 поени.

МЗТ Скопје Аеродром остана последнопласиран на табелата пред следниот дуел против ФМП на домашен терен на 3 март. ег/хс/

фото: Фејсбук

Остани поврзан