• среда, 15 мај 2024

МЗТ Скопје поразен на гостувањето во Љубљана

МЗТ Скопје поразен на гостувањето во Љубљана
Љубљана, 29 октомври 2022 (МИА) – Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром доживеа уште еден пораз во пресметките со тимовите од „големата четворка“ во регионалната АБА-лига. „Сино-белите“ вечерва загубија на гостувањето кај Цедевита Олимпија со 93:73. Страхиња Миќовиќ со 25 поени и седум скока беше најдобар во македонскиот тим, двоцифрен поентерски учинок имаа уште и Војдан Стојановски со 11 и Бре Ајви со 10 поени. МЗТ Скопје по пет натпревари има едн апобеда и четири порази, но и многу тежок распоред во почетните пет кола. Следуваат средби со екипи на кои аеродромци ќе можат да се надеваат на поуспешни резултати. Следен противник на МЗТе тимот на Морнар, на 4 ноември во салата „Јане Сандански“. зс/

Остани поврзан