• недела, 22 декември 2024

МЗТ Скопје: Обновата на соработката со браќата Стојановски е продолжување на нашата клупска политика

МЗТ Скопје: Обновата на соработката со браќата Стојановски е продолжување на нашата клупска политика

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) – Браќата близнаци Дамјан и Војдан Стојановски ги продолжија договорите со македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Ова беше еден од приоритетите на управата на „сино-белите“ во пресрет на новата сезона.

- За капитенот Дамјан ова ќе биде 12. сезона во сино-белиот дрес во која ќе ја брка јубилејната десетта титула, сите освоени со нашиот МЗТ. Пред Војдан, пак, е четврта сезона како член на нашиот клуб, откако првпат ни се приклучи на почетокот од 2022 година. Обновата на соработката со браќата Стојановски е само продолжување на нашата клупска политика за формирање тим предводен пред сè од квалитетни македонски кошаркари. Договор со нашиот тим имаат уште Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ, со што веќе имаме затворено половина од ростерот за средбите што нѐ чекаат во домашните натпреварувања и во АБА2-лигата, соопшти МЗТ Скопје.

Раководството на аеродромци за следниот период најави дополнителните засилувања со македонски и неколку странски кошаркари. зс/

Фото: МЗТ

Остани поврзан