• недела, 14 јули 2024

МЗТ Скопје на чекор до осмата титула

МЗТ Скопје на чекор до осмата титула
Гевгелија, 4 јуни 2021 (МИА) – Една победа ги дели кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром од освојување на осмиот шампионски трофеј, откако попладнево во Гевгелија го совладаа Еуро Никел со 95:91. По овој триумф аеродромци поведоа со 2-0 во финалната серија од плејофот која се игра до три победи. Најзаслужни за „брејкот“ се репрезентативците Бојан Крстевски кој постигна 22 поена и Андреј Магдевски со 20. Во поразениот тим се истакна Роберт Рикиќ со 33 поени. Следниот натпревар ќе се игра в недела во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. зс/

Остани поврзан