Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица
- Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево информираше дека е прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица.

Скопје, 5 јануари 2025 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево информираше дека е прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица.
- Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот на ден 04.01.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Струмица, соопшти МЖСПП. фф/бак/
Фото: МИА Архива