МЖСПП: Да не се шират дезинформации за Чебрен
- Тендерската постапка за доделување на концесија за ХЕЦ Чебрен, што е инфраструктурен проект од исклучителна важност за државата, е се уште во тек, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Тендерската постапка за доделување на концесија за ХЕЦ Чебрен, што е инфраструктурен проект од исклучителна важност за државата, е се уште во тек, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
- Од таа причина Министерството за животна средина и просторно планирање ја замолува јавноста и медиумите да не се шират дезинформации и да не се пренесуваат погрешно изјави поврзани со овој процес, од технички, правен или финансиски аспект, се вели во соопштението од МЖСПП.
По завршувањето на процесот, додаваат, јавноста благовремено ќе биде информирана. цр/бак/
Фото: МЖСПП