• четврток, 22 јануари 2026

Меџити: Целосна реконструкција на улицата „Ахмет Хајдари“ во Гази Баба, ќе се олесни протокот и безбедноста на граѓаните

Меџити: Целосна реконструкција на улицата „Ахмет Хајдари“ во Гази Баба, ќе се олесни протокот и безбедноста на граѓаните

Скопје, 4 септември 2025 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина, како и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска ги посети инфраструктурните работи на улицата „Ахмет Хајдари“ (поранешна „Стојна Стефкова“) во населбата Гази Баба.

Меџити нагласи дека на оваа улица се врши целосна реконструкција на патот во должина од 170 метри, со што, како што рече, се зголемува безбедноста и се олеснува движењето на граѓаните по овој пат. 

-Инвестицијата е околу 3 милиони денари. Реконструкцијата е проект финансиран од Програмата на Владата за финандсирање на капитални проекти на општините, рече тој. 

Меџити истакна дека ова покажува кога е одлична соработката меѓу локалната и централната власт, се реализираат проекти во интерес на граѓаните. фф/са/

Фото: Рим на Изет Меџити

 

Остани поврзан