• понеделник, 23 декември 2024

Меџити се сретна со новоименуваниот бугарски амбасадор Жељаско Радуков

Меџити се сретна со новоименуваниот бугарски амбасадор Жељаско Радуков

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Жељаско Радуков.
 
Меџити, како што соопштија од Министерството, на бугарскиот амбасадор му посакал успешна работа во нашата земја, како и продолжување на соработката во сите области од интерес на двете земји.
 
-Двајцата соговорници изразија волја за отворен дијалог, зајакнување на трговската размена, како и протокот на луѓе меѓу двете земји, преку позитивна волја и добри намери, се вели во соопштението.
 
Амбасадорот Радуков минатиот месец е именуван на оваа позиција, а го наследи долгогодишниот бугарски амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов. сст/мд/

фото МЖСПП

Остани поврзан