• среда, 20 ноември 2024

Меџити се сретна со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнес

Меџити се сретна со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнес

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, вчера остварил средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес.

- Вчера остварив многу плодна средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. Ја изразив мојата благодарност за непоколебливата поддршка што САД и ја даваат на Северна Македонија, особено во процесот на интеграција во ЕУ. Дискутиравме за силните односи помеѓу нашите земји и за важноста на понатамошно зајакнување на соработката во различни области од заеднички интерес, изјавил Меџити.

Тој на средбата ја истакнал важноста на неговата улога како министер за животна средина и просторно планирање, особено поради големите еколошки предизвици со кои се соочуваме. Тука спаѓаат енергетската криза, децениското загадување на воздухот, управувањето со отпадот, обезбедувањето чиста вода и третманот на отпадните води.

Исто така, ја нагласил важноста на соработката во справувањето со климатската криза и промовирањето на одржливиот развој.

-Полната посветеност кон политиките што го заштитуваат животната средина е мој приоритет, бидејќи тоа е најдобриот начин за подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани, што е неопходен приоритет, истакнал Меџити. дма/са/

Фото: МЖСПП

 

 

 

 

Остани поврзан