• петок, 05 декември 2025

Меџити: Работа, не зборови - започнува целосна реконструкција на улицата „Банатска“ во Чаир

Меџити: Работа, не зборови - започнува целосна реконструкција на улицата „Банатска“ во Чаир

Скопје, 8 септември 2025 (МИА) - Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, воедно и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи за целосна реконструкција на улицата „Банатска“ во населбата Топана.

Овој проект е еден од многуте инфраструктурни зафати што Општина Чаир ги реализира со цел подобрување на животните услови на граѓаните, изјави
Меџити пред присутните жители.

-Инвестицијата, во вредност од околу 3 милиони денари, е финансирана преку Вториот повик на Владата за поддршка на општините. Работите опфаќаат целосно асфалтирање, истакна Меџити.

Тој додаде дека оваа инвестиција ќе овозможи побезбедна, пофункционална и поодржлива инфраструктура за жителите на оваа населба, директно
придонесувајќи за зголемен квалитет и удобност на живеењето.

-Овој проект е конкретен доказ за нашиот модел на управување, професионалност, ефикасност и постојан фокус кон граѓанинот. Секоја интервенција во инфраструктурата е чекор кон поразвиен, помодерен и поинклузивен Чаир, изјави Меџити во своето обраќање.

Општина Чаир, додаде Меџити и во следните четири години ќе продолжи со реализација на слични проекти кои имаат за цел создавање на квалитетна,
безбедна и достапна урбана средина за сите граѓани, стои во соопштението. вг/

Фото: Изет Меџити

Остани поврзан