Меџити на Австриско - македонскиот форум за животна средина во Тетово
- Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска ќе се обрати на Австриско - македонскиот форум за животна средина што ќе се одржи во Тетово.

Тетово, 12 март 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска ќе се обрати на Австриско - македонскиот форум за животна средина што ќе се одржи во Тетово.
На форумот, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се обратат и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и австрискиот амбасадор во нашата земја, Мартин Памер.
Форумот се организира по повод првата годишнина од јавното-приватно партнерство Заубермахер-Тетово чија основна дејност е воведувањето на еколошко управување со отпад и има за цел размена на искуства за предизвиците, успесите и можностите во регионот во управувањето со отпад. дма/мд/
Фото:МИА архива