• петок, 05 декември 2025

Меџити: Инвестиција од над шест милиони денари во населбата Гази Баба за одржливо водоснабдување

Меџити: Инвестиција од над шест милиони денари во населбата Гази Баба за одржливо водоснабдување

Скопје, 10 септември 2025 

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите кои се одвиваат на улицата „Бајрам Шабани“ во населбата Гази Баба во Општина
Чаир, информираат од Вреди. МИА интегрално го пренесува соопштението.

Проектот, поддржан од Министерството за животна средина, има за цел подобрување на снабдувањето со вода за пиење за жителите од оваа област.

Оваа инвестиција, во вредност од над 6 милиони денари, опфаќа изградба на нов цевковод со профил DN 280 мм и должина од 235 метри, со што ќе се замени постојната дотраена мрежа.

„Со оваа интервенција се елиминираат честите прекини и недоволното снабдување, обезбедувајќи стабилна вода за пиење со подобрен притисок долж целата улица,“ изјави Меџити при средбата со жителите на населбата.

Проектот се реализира од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Општина Чаир, со цел да се гарантира постојан и квалитетен пристап до вода за пиење за жителите на
оваа зона.

Вреди 

ФОТО: Вреди 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан