• вторник, 05 ноември 2024

Меџити: За кратко време ќе имаме повеќе од 10 лекови ставени на позитивната листа

Меџити: За кратко време ќе имаме повеќе од 10 лекови ставени на позитивната листа

Скопје, 22 декември 2023

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, во утринското интервју за „Слободен печат“ информираше дека за многу кратко време ќе имаме отприлика над 10 лека ставени на позитивната листа на лекови.

-Верувајте навистина моктрпно се работи во Министерството за здравство, во кабинетот и целото министерство. Ова е многу сензитивна точка, 15 години не е ревидирана, ажурирана позитивната листа на лекови. Постапивме многу сериозно и еден мој главен приоритет кога дојдов како министер кажав дека ќе биде позитивната листа. Ние тогаш немавме јасни протоколи, немавме стручна комисија, ние направивме сѐ и веќе комисијата неколку пати заседава, има состаноци, многу интензивно работат. За кратко време, еве можам да споделам во вашето студио дека за многу кратко време ќе имаме двоцифрен број веќе ставен во позитивна листа за најголемите дијагнози - кардиоваскуларни, онколошки, невролошки што ќе има терапија за тие дијагнози. И ќе бидат отприлика над 10 лека, рече Меџити.

Тој посочи дека досега се разгледани околу 36 апликации, од кои 22 се оригинатори, 10 генерички и 4 се ентерална нутриција.

Меџити истакна дека денеска ќе бидат разгледани уште 28 нови апликации, а за следната година се побарани дополнителни 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивната листа.

-И на оваа проблематика и доаѓа крај. Но, ние тогаш кажавме дека листата ќе ја ажурираме два пати годишно и тоа ќе биде во октомври и април. Но, сега гледаме дека има потреба повеќе пати годишно да се разгледа и да се внесуваат лекови за да се ублажи оваа потреба за лекови на позитивна листа. Ние за тоа сме многу сериозни во сите насоки и така ќе постапиме, изјави Меџити.

Министерство за здравство

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан