• четврток, 19 декември 2024

Меџити: Дебатата клучна за демократизирање на партијата и на општеството Куманово

Меџити: Дебатата клучна за демократизирање на партијата и на општеството Куманово

Куманово, 24 јануари 2023 (МИА) – Сериозна дебата и европски вредности, се потребни за напредок на државата, а за тоа е потребно демократизирање на партијата, отворена дебата, аргументи и контрааргументи, што води кон демократско општество, изјави потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити кој заедно со дел од високи претставници од партијата вечерва се сретна со граѓани на Куманово.Според него, важна е борбата за, како што вели, европските вредности, отворена дебата во партиските органи, отчет на Владата.

– Ние се бориме за европски вредности, партиски органи, дебата, анализа, отчет на Владата сите овие се вредности коишто ние сме ги презеле од европски партии од Америка, од нивните институти коишто функционираат тука, НДИ, ИРИ кои вложиле во нас за ова, изјави Меџити.

Тој смета дека со дебата и со контра аргументи може да да се постигнат најдобри заклучоци.

-Само со демократизирање на партиите може да се демократизира општеството и државата. И само на тој начин ќе имаме стабилно ДУИ, стабилна Влада којашто може да зборува и да работи кон 80 пратеници за промени во Уставот. Значи не можеме да зборуваме заедно за Европа, а сме против европските вредности, изјави Меџити.

Потпретседателот на ДУИ посочи дека тие како дел од партиското раководство даваат отчет за сработеното, а истото го очекуваат и од сопартијците од ДУИ, да кажат како што, потенцира во изјавата, што сработиле и да се соочат со граѓаните.

– Ние овие работи ги збориме тука и за отчетот, и за ревизијата наша што беше направена на егзекутивата и очекуваме по нашите митинзи и средби со граѓаните го збориме врз принципот на отчетот и ревизијата. Очекуваме и другите на другите митинзи на ДУИ да се соочат со граѓаните, а не со функционерите, и да кажат ако ние ги критикуваме, нивно е да кажат, да ние сме сработиле. Ако сме во Гостивар да кажат што има направено во Гостивар. Денеска, сè во Тетово, што има направено за Тетово. Само на тој начин може да нè убедат граѓаните и нас дека тие се во право. Но, напротив не гледаме отчет таму, не гледаме сериозна дебата, туку гледаме се збори се и сешто не и за работата на владиниот состав на ДУИ на чело со Артан Груби, изјави Меџити.

Тој вели дека им порачале на кумановци и на граѓаните насекаде во државата да ги поддржат и да ги критикуваат.

– Нашата порака е до граѓаните во Куманово и секаде, ако сме во право да нè поддржат, ако не сме во право да нè критикуваат, а не да молчат бидејќи на тој начин не помагаат во овој процес, изјави Меџити.ам/лв/

Остани поврзан