• среда, 06 ноември 2024

Меџити: Владата донесе одлука да се запре онлајн коцкањето

Меџити: Владата донесе одлука да се запре онлајн коцкањето

24 септември 2024 

Првиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека на денешната седница на Владата се донесе одлука за реализација на толкувањето од Собранието за престанок на важноста на нелегалните лиценци за он-лајн коцкарници издадени од Владата на ДУИ, а со тоа и запирање на он-лајн коцкањето во државата.

“Ги стопиравме штетните дозволи кои претходната Влада на ДУИ и СДСМ ги доделија на српски фирми, црногорски и други. 

Стопиравме можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони, во своите компјутери од дома и од училиште.

Ветувањето пред изборите, денес станува реалност.

Остануваме луѓе од збор. Нема да дозволиме личното богатење на поединци од претходната Влада да биде причина за илјадници осиромашени семејства на наши сограѓани.

 Наш врвен приоритет е да ги заштитиме граѓаните. Посебно младите луѓе. Да ги заштитиме од долгови, банкрот, зависност од коцкање, последователно да ги заштитиме од социјални и фамилијарни потешкотии, да ги заштитиме од судир со законот и нелегални активности кои секогаш се последица на коцкањето.

Отсуството на јасна процедура, претходната Влада свесно ја користела за создавање на нови и нови компании за он-лајн и интернет коцкање.

Интерес имале поединци од врвот на ДУИ и претходната Влада, а штетата била на илјадници наши сограѓани.

 Ветивме дека ќе се бориме против ова зло, денес покажуваме на дело.

Нема да запреме додека не создадеме услови за пристоен живот”, рече Меџити.

Демократско движење 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

Остани поврзан