• петок, 22 ноември 2024

Меѓуопштински натпревар во прва помош за учениците од училиштата во Ѓорче Петров

Меѓуопштински натпревар во прва помош за учениците од училиштата во Ѓорче Петров

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска првпат се одржа натпревар во прва помош за екипи од основните училишта. Учествуваа училишта од општините Ѓорче Петров, Сарај и Карпош, односно вкупно 23 екипи.

Како што информира Општина Ѓорче Петров, ова е еден од начините организиран од Општината во соработка со Црвениот крст - Карпош преку натпревар да ги едуцира учениците со придобивките од познавање на првата помош.

- Натпреварите се организираат на општинско, градско, регионално и државно ниво и имаат за цел да ја зголемат јавната свест за улогата и значењето на првата помош како живото-спасувачка вештина. Целта е пред се најмладите да се стекнат со основни познавања и вештини за правилно и навремено укажување прва помош, се вели во соопштението. 

Општина Ѓорче Петров најавува дека и во иднина ќе поддржи настани со цел едукација на младите во насока на хуманоста и солидарноста. мд/бак/ 

Фото: Општина Ѓорче Петров 
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан