„Меѓународна уметничка колонија 2023“ во организација на Уметничката галерија Тетово
- Со свечено отворање на самостојната изложба на сликарката Теута Хоџа Имери вчера во Тетово започнаа активностите во рамки на „Меѓународна уметничка колонија 2023“ која ја организира НУ Уметничка галерија Тетово. Ова е 14-то издание на колонијата која од денеска продолжува да се одвива на Попова Шапка.
Тетово, 1 јули 2023 (МИА) - Со свечено отворање на самостојната изложба на сликарката Теута Хоџа Имери вчера во Тетово започнаа активностите во рамки на „Меѓународна уметничка колонија 2023“ која ја организира НУ Уметничка галерија Тетово. Ова е 14-то издание на колонијата која од денеска продолжува да се одвива на Попова Шапка.
- Оваа година на Меѓународната уметничка колонија учествуваат 21 уметник од различни земји како: Северна Македонија, Косово и Албанија. Целта на колонијата е секоја година да собира еминентни уметници од регионот и од други земји, при што уметниците како и досега се инспирираат од убавините на Шар Планина и нејзините ресурси, па затоа таму ќе ги создаваат уметничките дела, информираше Илир Куртиши, директор на Уметничка галерија Тетово.
Уметниците на Попова Шапка ќе создаваат до 4 јули при што имаат обврска да насликаат две дела со различни мотиви и сликарски техники. Создадените дела ќе бидат изложени во просторите на Уметничката галерија Тетово како завршен дел од активностите по повод меѓународната манифестација. ас/лв/
фото Уметничка Галерија