Меѓународна изложба на уметничка фотографија Фото Салон Куманово 2025
- Традиционалната Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2025“ во организација на Фото киноклуб „Козјак“ ќе биде отворена вечер со почеток во 19 часот во Уметничката галерија Куманово.
Куманово 20 ноември 2025 (МИА) - Традиционалната Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2025“ во организација на Фото киноклуб „Козјак“ ќе биде отворена вечер со почеток во 19 часот во Уметничката галерија Куманово.
- Клубот и овој пат ги собра фотографиите на нашите и странските автори, на традиционалната меѓународна изложба на уметничка фотографија Фото салон Куманово 2025. Учесниците имаа можност да се претстават во слободна тема. Бурното време во коешто живееме, потполната дигитализација и брзиот развој на технологијата им дозволува на фотографите да бидат сведоци на историјата која се одигрува пред нивните фотоапарати. Затоа Фото Кино клуб „Козјак“ и годинава традиционално ја организира најстарата меѓународната изложба во Македонија, Фото салон 2025, соопштија организаторите.
На натпреварот учествуваа 127 автори од дванаесет земји од целиот свет. Жирито во состав на Радисав Филиповиќ (Србија), Михаел Кацафура (Словенија), Борис Божиќ (Австрија), Неда Рачки (Хрватска) и Боро Рудиќ (Македонија) на изложбата доделија 18 награди од кои 9 медали и 9 дипломи за фотографии, а за најдобар автор на изложбата беше прогласен Олег Маловитски од Украина.
- Се започна во 1962 година, најпрвин како клупска подоцна како меѓуклупска изложба, односно меѓурепубличка, а во последниве неколку години Фото салон прерасна во една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од државите ширум светот, велат од клубот.
Изложбата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија, а покровители се Министерство за култура и туризам и Општина Куманово. ам/вг/
Фото Плакат