• сабота, 06 декември 2025

Меѓународен фестивал на проза во Куманово

Меѓународен фестивал на проза во Куманово

Куманово, 27 мај 2025 (МИА) - Почнува четвртото издание на меѓународниот фестивал на прозата, соопштија на денешната прес-конференција надлежните од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово. Влијателни автори ќе бидат гости на четвртиот дводневен фестивал поддржан од Министерството за култура и туризам и од општина Куманово.

- Задоволни сме со овогодишнава програма, со изборот на гостите. Навистина станува збор за влијателни автори автори. Сигурни сме дека публиката во Куманово ќе ужива во среда и четврток на 28-29 мај. Би сакал да истакнам дека освен двете вечери ќе се одржи и детска работилница. Сигурни сме дека ќе има интерес, бидејќи решивме овој фестивал да биде еден од позначајните фестивали во Македонија, а и самиот инетрес на претходните изданија го покажува тоа, изјави директорот на кумановскиот Центар за култура, Сашо Тодоровски.

Гости на првата вечер се Весна Мојсова Чепишевска – редовен професор на УКИМ при Филолошки факултет Блаже Конески – Скопје, Огнена Никуљски – книжевен преведувач, професорка по шпански јазик, основач на катедрата за шпански јазик и литература при УКИМ Филолошки факултет Блаже Конески – Скопје, Оља Стојанова (Република Бугарија) – писателка, драматург и новинар, предавач на софискиот универзитет. Модератор на првата вечер е Душко Крстевски, преведувач и професор.

Вториот ден на 29 мај во 11:00 часот е закажано отворањето на изложбата на Иванка Ниба, илустраторка на книги за деца, а веднаш потоа следува работилница за најмалите која ќе ја води Ана Голејшка Џикова, писателка, организатор на детски литературни работилници, книжевни клубови и проекти за јавно говорење. Вечерта на 29 мај (четврток) од 20:00 часот започнува втората фестивалска вечер на која гости ќе бидат: Лидија Димковска – македонски поет, прозаист, есеист, теоретичар на книжевноста и преведувач, Филип Грујиќ (Република Србија) – писател, драматург, асистент на катедрата за театарска драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград, Наташа Сарџоска – современа македонска писателка, поетеса и преведувачка. Зема учество на многу Фестивали во Европа и светот. Модератор на втората вечер ќе биде Ана Јовковска – научен истражувач, докторанд на културолошки студии, новинарка, авторка, колумнистка.

- Оваа година темата на којашто панелистите ќе имаат можност да дискутирате е улогата на книжевноста во новиот светски поредок. Посетителите ќе имаат можноста разменуваат мислење, фестивалот е од интерактивен карактер ќе имаат можност публиката да се доближи до авторите да бидат дали книжевноста навистина може да влијае врз општеството врз новиот светски поредок дали е тоа само едно наивно верување на читателите или книжевноста има можност да ги насочува во општеството да повлијае врз нив сето тоа имаме можност, изјави Маргица Станисављевска Станисављевиќ, стручен соработник во НУЦК. ам/цр


Фото: МИА

Остани поврзан