Мецола и Фон дер Лајен му го честитаа на Барние назначувањето за премиер на Франција
- Претседателите на Европскиот парламент и на Европската комисија, Роберта Мецола и Урсула фон дер Лајен, му честитаа на Мишел Барние за неговото именување за премиер на Франција.
Брисел, 5 септември 2024 (МИА) - Претседателите на Европскиот парламент и на Европската комисија, Роберта Мецола и Урсула фон дер Лајен, му честитаа на Мишел Барние за неговото именување за премиер на Франција.
„На сите позиции што ги имаше, Барние се покажа како лидер со визија и пристап. Убедена сум дека ќе и биде од корист со своето искуство и знаење како премиер, искрени честитки, напиша Мецола на социјалната мрежа „Икс“.
„Знам дека Барние во срцето ги има интересите на Европа и Франција, што покажува неговото долгогодишно искуство. Му посакувам многу успех во новата мисија“, објави Фон дер Лајен на „Икс“ . рп/
Фото: МИА архива