Мецола: Европејците сакаат да се чувствуваат безбедно и затоа мора да ја зајакнеме одбраната
- Европските гласачи на изборите во јуни минатата година упатија јасна порака дека сакаат да инвестираме повеќе во безбедноста и да се чувствуваат безбедно, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, при пристигнувањето на денешниот неформален Самит на ЕУ во Брисел.

Брисел, 3 февруари 2025 (МИА) – Европските гласачи на изборите во јуни минатата година упатија јасна порака дека сакаат да инвестираме повеќе во безбедноста и да се чувствуваат безбедно, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, при пристигнувањето на денешниот неформален Самит на ЕУ во Брисел.
- Во името на Европскиот парламент можам да кажам дека ќе инсистираме на повеќе инвестиции, поголемо (одбранбено) производство и посилна соработка, истакна Мецола.
Според неа, ЕУ направи многу за зајакнување на својата одбрана, но јасно е дека мора да направи многу повеќе.
- Ако Европа не може самата да се брани, никој нема да може да ја одбрани. Најлошото нешто што можеме да го направиме е да не реагираме. Ако не реагираме, може да ги загубиме нашиот суверенитет и нашата безбедност и да загубиме многу животи, потенцира Мецола. сп/
Фото: Скриншот