• петок, 05 декември 2025

Мециновиќ прифати дебата на Телма телевизија

Мециновиќ прифати дебата на Телма телевизија

Скопје, 23 октомври 2025 (МИА) - Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, утрово на социјалните мрежи сподели дека добил покана за дебата на телевизија Телма. Тој соопшти дека ја прифаќа поканата за дебата, се наведува во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално. 

„Добро утро Скопје, дебата на Телма за следниот четврток.

Со задоволство ја прифаќам поканата на телевизијата Телма за учество во дебатата за главниот град со мојот противкандидат.

 Во духот на демократијата и витешката борба, сметам дека сите дебати се добродојдени“, напиша тој на социјалните мрежи.


https://www.facebook.com/photo?fbid=3032668296919580&set=a.147651215421317

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан