• сабота, 23 ноември 2024

Метрото во Атина од понеделник директно ќе ги поврзе аеродромот со пристаништето

Метрото во Атина од понеделник директно ќе ги поврзе аеродромот со пристаништето
Атина, 5 октомври 2022 (МИА) – Со проширување на една од линиите на метрото во Атина и отворање на три нови станици, од понеделник и официјално, атинскиот аеродром директно ќе се поврзе со најголемото пристаниште Пиреас, јави дописничката на  МИА од Атина. Министерот за транспорт и инфраструктури на Грција Костас Караманлис во интервјуто за грчката телевизија „ЕРТ“ рече дека од понеделник, метрото ќе стигне до Пиерас преку новите станици што ќе бидат пуштени во употреба, од кои едната е во центарот на предградието, а другата на пристаништето. -Го правиме она што требаше да се направи пред многу години. Пристаништето го поврзуваме со аеродромот. Ние сме земја која сака да има туристички производ и замислете доаѓаа туристи, слетуваа на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“ и беше многу тешко да стигне за да се качи на траект до некој од прекрасните грчки острови, истакна министерот. Додаде дека штом  метрото биде свечено пуштено во употреба, „истиот ден ќе биде отворено и за јавноста“. ср/сд/

Остани поврзан