• петок, 05 декември 2025

Танкер со нафта се запали во Северното море откако се судрил со товарен брод

Танкер со нафта се запали во Северното море откако се судрил со товарен брод

Лондон, 10 март 2025 (МИА) - Танкер со нафта и товарен брод утрово се судрија во Северното Море, при што танкерот избувна во пламен.

Несреќата се случила во близина на брегот на Источен Јоркшир, а крајбрежната стража веднаш започна голема спасувачка акција со чамци и еден хеликоптер. Покрај нив, на местото на сударот биле испратени и авион на крајбрежната стража и блиски бродови.

Крајбрежната стража соопшти дека „инцидентот се уште трае“.

Според информациите кои ги објави Би-Би-Си, танкерот е во пламен. Противпожарните екипи на море работат на локализирање на пожарот, додека спасувачите ја координираат операцијата на лице место.

Засега нема информации за жртви или можно загадување на морето. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан