• понеделник, 23 декември 2024

„Мета“ ќе го лансира „Тредс“ во ЕУ месецов

„Мета“ ќе го лансира „Тредс“ во ЕУ месецов

Лос Анџелес, 1 декември 2023 (МИА) - Компанијата „Мета“ на Марк Цукерберг, којашто го поседува и „Фејсбук“, ќе ја пушти својата услуга за кратки пораки - „Тредс“ (Threads) и во Европската Унија овој декември, објави „Волстрит журнал“.

Новата платформа е слична на соперничкиот сервис „X“ (порано „Твитер“) на Илон Маск. Инаку, „Тредс“ ќе има опција и само за читање објави, без корисникот да може да пишува свои објави, се вели во наводите.

„Мета“ не ја опфати ЕУ кога „Тредс“ беше пуштен во јули оваа година, поради „новите дигитални закони“ и правните несигурности коишто би можеле да произлезат од нив.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан