• петок, 22 ноември 2024

Метални столбови за заштитна ограда на пат од село Ресава кон Бегниште

Метални столбови за заштитна ограда на пат од село Ресава кон Бегниште

Кавадарци, 13 септември 2023 (МИА) - Продолжува поставувањето на метални столбови за монтирање на заштитна еластична ограда, на патот од село Ресава кон село Бегниште, сѐ со цел зголемена безбедност во сообраќајот, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

- Овој проект е во соработка со ЈПДП, односно оградата што е со вкупна должина од 6.000 метри е обезбедена како донација од нив, а Општина Кавадарци ги монтира во соработка со ТППЕ Кавадарци и ЈП „Комуналец“, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму нагласија дека ова е само еден од многубројните проекти за подобрување на сигурноста и безбедноста во сообраќајот на патиштата во Кавадарци и околината. свд/бд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот на Кавадарци

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан