Меси за прв пат во кариерата стана најдобар стрелец во квалификациски циклус за Светското првенство
- Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за прв пат во кариерата стана најдобар стрелец на квалификацискиот турнир за Светското првенство.
Буенос Аирес, 10 септември 2025 (МИА) - Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за прв пат во кариерата стана најдобар стрелец на квалификацискиот турнир за Светското првенство.
Триесет и осумгодишниот напаѓач постигна осум гола и имаше три асистенции во 12 натпревари од квалификацискиот турнир за Светското првенство 2026 година, а Аргентина го освои првото место во јужноамериканската квалификациска група.
За споредба, Меси постигна седум гола на квалификацискиот турнир за Светското првенство 2022 година.
Второто место му припадна на 28-годишниот напаѓач на Колумбија, Луис Дијаз, кој постигна седум гола на 17 натпревари. Тој исто така имаше и три асистенции.
Дваесет и едногодишниот напаѓач на Боливија, Мигел Терсерос, исто така постигна седум гола (на 12 натпревари), но немаше асистенции.
Колумбиската репрезентација, како и аргентинската репрезентација, се пласира на Мундијалот 2026 година, додека Боливија го освои седмото место и ќе игра во плејофот. зс/
Фото: ЕПА