• сабота, 21 декември 2024

Меси: Бразил и Франција главни фаворити на СП во Катар 

Меси: Бразил и Франција главни фаворити на СП во Катар 

Париз, 17 октомври 2022 (МИА) – Фудбалерот на ПСЖ и аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси оцени дека Бразил и Франција имаат најголеми шанси за освојување на титулата на претстојното Светско првенство (СП) во Катар. 

-Кога зборуваме за фаворити, имаме големи тимови какви што се Бразил, Германија, Англија, Франција, Шпанија и сигурен сум дека уште некој заборавив. Ако морам да изберам една или две репрезентации, тогаш би рекол дека Бразил и Франција се двата најголеми кандидати за освојување на титулата, изјави Меси за Директ ТВ. 

СП во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. 

Аргентина е во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и Полска. 

Светската титула ја брани Франција, која ќе игра во групата Д против Австралија, Данска и Тунис. ег/паг/

Остани поврзан