Меси би можел да игра на Светското првенство во 2026 година
- Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси одговори на прашање за неговото учество на Светското првенство во 2026 година.
![Меси би можел да игра на Светското првенство во 2026 година](https://mia.mk/images/20231104112946_big_730x400_75.webp )
Мајами, 4 ноември 2023 (МИА) - Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси одговори на прашање за неговото учество на Светското првенство во 2026 година.
- Светско првенство 2026? Со оглед на возраста на која ќе бидам, изгледа тешко - но ќе видиме, го цитира Меси новинарот Фабрицио Романо.
Меси го имаше своето деби за репрезентацијата на Аргентина во август 2005 година на мечот против Унгарија. Вкупно, 36-годишниот напаѓач одигра 178 натпревари за националниот тим, постигна 106 гола и даде 56 асистенции.
Пред четири дена Меси беше прогласен за најдобар фудбалер на светот за минатата сезона и по осми пат ја освои Златната топка. зс/
Фото: ЕПА