• четврток, 26 март 2026

Мерц: Не смее Путин да ги одредува условите за мир во Украина

Мерц: Не смее Путин да ги одредува условите за мир во Украина

Берлин, 17 септември 2025 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја предупреди Европа да не и дозволи на Русија да ги одредува условите за мировен договор со Украина, бидејќи тоа ќе го охрабри рускиот претседател „во барање на следни мети“.

- Путин веќе долго време ги тестира границите. Тој саботира, шпионира, убива, се обидува да ги вознемирува луѓето, посочи Мерц во германскиот Парламент.

Според него Путин сака да го дестабилизира и германското општество.

- Нема да дозволиме да се случи тоа … Мораме да ги одвратиме нашите противници од понатамошна агресија и во исто време да ги поврземе сојузниците и партнерите, наведе Мерц.

Германија е една од земјите кои најсилно ја поддржува Украина по руската инвазија во 2022 година. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, минатата недела, изјави дека Германија на Украина и доставила повеќе воена помош од САД. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан