Мерц: Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина и покрај притисокот од опозицијата
- -Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина, и покрај притисокот од левичарските и проруските десничарски сили во парламентот, рече Мерц на седницата на Бундестагот каде што се дискутираше за буџетот, пренесува Гардијан
Берлин, 9 јули 2025 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина, и покрај притисокот од опозицијата.
-Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина, и покрај притисокот од левичарските и проруските десничарски сили во парламентот, рече Мерц на седницата на Бундестагот каде што се дискутираше за буџетот, пренесува Гардијан.
Тој оцени дека „ се исцрпени“ сите дипломатски средства за завршување на војната во Украина.
-Кога криминален режим, кој отворено го доведува во прашање правото на друга земја да постои со воена сила и има намера да го уништи политичкиот поредок на слободата низ целиот европски континент, федералната влада што ја водам ќе стори сè што е во нејзина моќ да го спречи тоа, рече германскиот канцелар.
Мерц, исто така, рече дека Бундесверот „мора брзо да добие сè што е потребно за одбрана на Германија“, истакнувајќи дека е потребно да се забрза усвојувањето на законите и процедурите за набавки.
Зборувајќи за неодамнешното учество на самитите на ЕУ и НАТО, тој истакна дека Германија „повторно е забележана и, пред сè, сфатена сериозно низ целиот свет“.сд/
фото:ДПА