Мерцедес започнува повлекување на илјадници возила од 1 април поради неисправни батериски ќелии што може да предизвикаат пожар

Штутгарт, 14 февруари 2025 (МИА) - Мерцедес започнува повлекување на илјадници возила поради неисправни ќелии на батериите, но сопствениците ќе мора да бидат трпеливи бидејќи софтверското решение се уште не е достапно.
Mерцедес повлекува 7.358 електрични теренци EQB во САД. Причината е можен краток спој во ќелиите на батеријата, што може да доведе до пожар. Засегнати се моделите произведени помеѓу декември 2021 и јануари 2023 година.
Според американската безбедносна агенција NHTSA, може да дојде до краток спој во батериските ќелии.
Решението е софтверско ажурирање за управување со батеријата, но се уште не е достапно. Дотогаш, Mерцедес препорачува да не се полни батеријата над 80 проценти. Повлекувањето ќе започне на 1 април 2025 година.
Според соопштението на NHTSA, повлекувањето во САД ги вклучува следните модели:
EQB 250 – 2.636 возила
EQB 300 4Matic – 3.311 возила
EQB 350 4Matic – 1.415 возила
Од Мерцедес потврдија дека може да бидат погодени и возила во Европа, но не дадоа точни бројки. зш/