Мертенс – Плишкова е првата полуфинална двојка на ВТА турнирот во Прага
- Белгијката Елисе Мертенс ја победи Канаѓанката Ежени Бушар во три сета (6:4, 1:6, 6:4) и се пласира во полуфиналето на ВТА турнирот во Прага.

Прага, 14 август 2020 (МИА) – Белгијката Елисе Мертенс ја победи Канаѓанката Ежени Бушар во три сета (6:4, 1:6, 6:4) и се пласира во полуфиналето на ВТА турнирот во Прага.
Противник на Мертенс во полуфиналниот меч ќе и биде Кристина Плишкова од Чешка против која Романката Ана Богдан при резултат 2:5 го предаде мечот.
Наградниот фонд на турнирот во чешката престолнина изнесува 202.250 долари. зс/