Мерсие: Конституирањето на косовското Собрание е во интерес на европскиот пат на Косово
- Можам да кажам дека тоа навистина е важно и за други прашања, како што Планот за раст, па затоа е потребно да се конституира косовскиот Парламент за да може да продолжи да работи на тој пат, изјави Мерсие во одговор за коментар на новиот неуспешен обид за конституирање на Собранието на Косово.

Брисел, 24 април 2024 (МИА) - Во интерес на Косово е да се формираат институциите за да може да се имплементираат реформите поврзано со приближувањето кон ЕУ и со напредокот на европскиот пат, изјави портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие.
- Можам да кажам дека тоа навистина е важно и за други прашања, како што Планот за раст, па затоа е потребно да се конституира косовскиот Парламент за да може да продолжи да работи на тој пат, изјави Мерсие во одговор за коментар на новиот неуспешен обид за конституирање на Собранието на Косово.
Мерсие додаде дека нема да го коментар самиот чин на неконституирање на Собранието, затоа што Европската комисија не ги коментира внатрешните и домашните работи во Косово, како што не го прави тоа за секоја друга партнерска земја. сп/
Фото: МИА Архива