• понеделник, 23 декември 2024

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справувањето со миграциската криза од 2015 година

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справувањето со миграциската криза од 2015 година
Женева, 10 октомври 2022 (МИА) - Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја добие престижната награда од Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, поради начинот на кој нејзината земја прими над 1,2 милиони бегалци и баратели на азил во 2015 и 2016 година, јави ДПА. - Ангела Меркел покажа голема морална и политичка храброст со тоа што помогна над еден милион бегалци да преживеат и закрепнат, изјави високиот комесар за бегалци Филипо Гранди за наградата за бегалци Нансен. Според него, Меркел покажа што може да се постигне кога политичарите дејствуваат поддржувачки и работат на решенија за светските предизвици, наместо само да ја префрлат одговорноста на некој друг. Летото 2015 година, Меркел ги отвори границите на нејзината земја и на Германците им се обрати со популарното „Wir schaffen das“, што во превод значи „Ние можеме да го сториме ова“, пречекувајќи ги бегалците кои бегаа од воено-опустошената Сирија, како и од други земји, а меѓу нив Ирак, Авганистан и Еритреја. Наградата за бегалци Нансен, што УНХЦР ја доделува секоја година, е во вредност од 150.000 долари. Таа го носи името на Фридјоф Нансен, норвешки поларен истражувач и хуманитарец кој ја добил Нобеловата награда за мир во 1922 година. бд/сд/

Остани поврзан