Меркел: Визијата на Унгарија за иднината на ЕУ е сериозен проблем
- Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека визијата на Унгарија за иднината на Европската унија е „сериозен проблем“ затоа што значително се разликува од другите членки.
Брисел, 25 јуни 2021 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека визијата на Унгарија за иднината на Европската унија е „сериозен проблем“ затоа што значително се разликува од другите членки.
- Секако дека има многу длабоко вкоренети различни концепции и тоа го гледаме кога ги набљудуваме унгарските ставови за иднината на Европската унија, изјави Меркел по самитот.
- На пример, предлозите на Будимпешта за новопочнатата Конференција за иднината на Европа - иницијатива што треба да обезбеди нови идеи за реформа на институциите на Унијата во следните години - веќе се „далеку од она што јас би го дала“, рече германската канцеларка.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата недела изјави дека сака да се намалат надлежностите на Европскиот парламент.
- Веќе имаме сериозен проблем во тој поглед, предупреди Меркел. паг/