Меморандум за соработка меѓу Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Амбасадата на Србија
- Претставници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Амбасадата на Република Србија денеска ќе потпишат нов меморандум за соработка меѓу факултетите/универзитетите во двете земји.

Скопје, 28 октомври 2021 (МИА) - Претставници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Амбасадата на Република Србија денеска ќе потпишат нов меморандум за соработка меѓу факултетите/универзитетите во двете земји.
Со овој меморандум, како што информираат од Деканатот на Филолошкиот факултет, се засилуваат веќе воспоставените врски меѓу двете земји на планот на високото образование, а се отвораат и нови можности за натамошно унапредување на соработката. дма/