Мелони: Сојузниците го разгледуваат италијанскиот предлог за гаранции за Украина
- Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денеска изјави дека предлогот за безбедносни гаранции за Украина, сличен на членот 5 од НАТО, во моментов е главна тема на преговарачката маса на сојузниците.
Рим, 27 август 2025 (МИА) – Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денеска изјави дека предлогот за безбедносни гаранции за Украина, сличен на членот 5 од НАТО, во моментов е главна тема на преговарачката маса на сојузниците.
- Италијанскиот предлог, заснован на механизам инспириран од членот 5 на НАТО, во моментов е главниот на преговарачката маса. Тоа е потенцијален придонес за мир што нашата земја го даде и мислам дека треба да бидеме горди на тоа, рече Мелони, пренесува „Република“.
Според неа, сега постои шанса за мировен договор меѓу Украина и Русија. јт/
Фото: МИА архива