• сабота, 22 март 2025

Мелони го потврди учеството на состанокот на „коалицијата на подготвените“ за Украина в четврток

Мелони го потврди учеството на состанокот на „коалицијата на подготвените“ за Украина в четврток

Рим, 22 март 2025 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе учествува на „состанокот за мирот и безбедноста во Украина“ закажан за четврток во Париз, соопшти денеска нејзиниот кабинет.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно оваа недела потврди дека следниот четврток ќе биде домаќин на европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски на средба во Париз на која ќе се разговара за одбраната на Украина.

Макрон рече дека целта на состанокот е да се разговара за начините за забрзување на сегашната воена поддршка, како да функционира евентуалниот прекин на огнот, како и изготвување планови за зајакнување на украинската армија по договорот, како и за можното распоредување на мировници во Украина. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан