Мелбурн оддава почит на жртвите на трагедијата во Кочани, зградата на Владата во боите на македонското знаме
- Во знак на сочувство и солидарност со семејствата на 59 загинати во Кочани, зградата на Владата на државата Викторија е осветлена во боите на македонското знаме.

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Во Мелбурн, Австралија, денеска се оддаде почит на жртвите во трагедијата во Кочани.
Во знак на сочувство и солидарност со семејствата на 59 загинати во Кочани, зградата на Владата на државата Викторија е осветлена во боите на македонското знаме.
Во Викторија живее бројна македонска заедница во Австралија, која брои над од 40 илјади Македонци. нд/ац/
Фото: Зоран Ќосески Фејсбук