• четврток, 26 март 2026

Мексико се уште преговара со Трамп за царините

Мексико се уште преговара со Трамп за царините

Мексико Сити, 22 мај 2025 (МИА)  - Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум разговараше со својот американски колега Доналд Трамп денеска и рече дека двете земји се уште бараат договор за укинување на преостанатите царини.

„Продолжуваме да разговараме за трговски прашања“, изјави Шајнбаум по телефонскиот повик, најновиот во серијата разговори меѓу двајцата лидери.

„Продолжуваме да преговараме, со добри односи и добра комуникација“, додаде таа.

Шајнбаум рече дека нејзиниот министер за економија Марсело Ебрард ќе отпатува во Вашингтон утре за дополнителни разговори. зш/

Остани поврзан