• сабота, 21 декември 2024

Мексиканската армија уби шест мигранти

Мексиканската армија уби шест мигранти

Мексико Сити, 3 октомври 2024 (МИА) – Мексикански војници отворија оган врз камионет што се обидел да ја избегне контролата при што убија шест лица. Возилото превезувало 33 мигранти, соопшти мексиканското Министерство за одбрана.

Во инцидентот повредени се 10 мигранти во близина на градот Хуикстла, во близина на границата со Гватемала. Групата била составена од државјани на Египет, Непал, Куба, Индија и Пакистан, но мексиканската армија не ја наведе националноста на загинатите мигранти.

Мексико е под притисок на САД да го намали бројот на мигранти кои пристигнуваат на мексиканско-американската граница.

Мексиканското МО соопшти дека двајцата војници кои пукале врз мигрантите ќе бидат сменети, а Воениот суд ќе почне истрага за инцидентот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан